„Дрекслмаер мануфакторинг Македонија“ (ДММ), која е дел од меѓународната производствена и развојна мрежа на „Дрекслмаер груп“, минатата недела започна со производство во новата фабрика во Кавадарци. ДММ успеа да почне со производство во ноември во привремени производствени хали и веќе ги произведе првите електрични инсталации во Македонија. Моментно вработува над 150 лица во фабриката во Кавадарци. Повеќе од половината од вработените поминаа интензивна обука во „Дрекслмаер“ во Сату Маре, Романија, како и во корпоративните седишта во Вилсбибург, Германија, и во други фабрики во Европа, со цел трансфер на забележителен производствен и менаџерски персонал во Македонија. До крајот на 2012 година ДММ планира да го зголеми сериското производство и да вработи повеќе од 200 лица.
„Дрекслмаер мануфакторинг Македонија“ (ДММ), која е дел од меѓународната производствена и развојна мрежа на „Дрекслмаер груп“, минатата недела започна со производство во новата фабрика во Кавадарци, соопштија од компанијата.
ДММ успеа да почне со производство во ноември во привремени производствени хали и веќе ги произведе првите електрични инсталации во Македонија. Моментно вработува над 150 лица во фабриката во Кавадарци. Повеќе од половината од вработените поминаа интензивна обука во „Дрекслмаер“ во Сату Маре, Романија, како и во корпоративните седишта во Вилсбибург, Германија, и во други фабрики во Европа, со цел трансфер на забележителен производствен и менаџерски персонал во Македонија.
До крајот на 2012 година ДММ планира да го зголеми сериското производство и да вработи повеќе од 200 лица. Во наредните години бројот на вработени ќе се зголемува, што ќе зависи од повеќе фактори, како и од економската средина и побарувачката. Со цел да се обезбеди доволно простор за производство од оваа големина, во изградба е модерна и софистицирана производствена фабрика што ќе се протега на повеќе од 50.000 квадратни метри и ќе биде функционална идното лето.
Новата фабрика во Кавадарци е првата инвестиција на „Дрекслмаер“ во Македонија. Извонредните персонални ресурси, добрата инфраструктура и логистичките услови беа клучните индикатори за избор на оваа локација. Поддршката од Министерството за странски инвестиции, Министерството за труд, Државната агенција за вработување и Општината Кавадарци имаа драгоцен удел во доаѓањето на германската компанија.